Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека во периодот од 06.04.2022 година заклучно со 25.08.2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата Крст во с.Кучково за реализација на проектот “Партерно уредување на локалитетот КРСТ во с.Кучково, фаза 1” (Еко Училница).
Инвеститор на овој проект е Општина Ѓорче Петров, а изведувач на работите е фирмата Ленди Груп ДООЕЛ Скопје. Проектот се реализира со грант средства за успешно реaлизиран под-заем проект од Меѓународната банка за обнова и развој Светска Банка , преку Проектната единица на Министерството за финансии на Република Северна Македонија и МСИП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Притоа, Ве известуваме дека во наведениот период, во тек на работното време од 08:00 до 17:00 часот, на локалниот пат кој води кон наведената локација ќе се одвива сообраќај со зголемена фреквенција на возила,градежна механизација. Поради ова, Ве молиме, Вашите возила да ги паркирате исклучиво на места кои што нема да претставуваат пречка за непречено одвивање на сообраќајот и нема да ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во него.
Исто така, Ве известуваме дека, локацијата Крст, за цело времетраење на градежните работи, ќе биде со ограничен пристап со цел зачувување на општата безбедност на посетителите.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено проведување на градежните работи.
Со Почит,
За дополнителни информации/прашања,
Нина Кусакатски тел.бр. 075-235 143
Иван Марковски тел.бр. 075-201-795
Извор: Општина Ѓорче Петров