Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити оствари работна средба со извршниот директор на компанијата ,,А1 Македонија“, Методија Мирчев.
На средбата се разговараше за развојот на телекомуникациските услуги, телекомуникациската инфраструктура, како и за новите напредни дигитални решенија кои се исклучително важни за олеснување на животот на граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација