Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со Филипе Донкел, нерезидентен амбасадор на Големото војводство Луксембург за земјава, придружуван од Петар Арсовски, почесен конзул на Луксембург во нашата држава.
На одличниот конструктивен состанок вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот Донкел разговараа на повеќе актуелни теми, со фокус на нашиот евроинтеграциски процес.
Соговорниците оценија дека нашата земја ги негува европските вредности и дека е кредибилен партнер на Европската Унија, што веќе и докажавме дека можеме успешно да придонесеме во развојот на најважните европски политики и со синхронизирано делување со Унијата да одговориме на различните кризи со кои се соочуваме.
-Двете пријателски земји имаме одлични билатерални односи и соработка, за која со амбасадорот Филипе Донкел ги разгледавме и за можностите на нејзино интензивирање и унапредување на сите нивоа, особено во делот на поддршка за реализација на европската реформска агенда, рече вицепремиерот Маричиќ на средбата.
Притоа, заеднички е констатирано дека почетокот на преговорите на Северна Македонија и на Албанија со Европската Унија е во функција на стабилноста на Западен Балкан и дека сега е моментот за тоа.
На состанокот потенциран беше и очигледниот напредок во спроведувањето на реформите, што е нотиран и од Луксембург и од други држави-членки, согласувајќи се дека треба да биде почитувано и валоризирано со отворање на преговорите со ЕУ.