spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Енергетската транзиција и гасното поврзување со Грција ќе ни обезбеди енергетска...

Ковачевски: Енергетската транзиција и гасното поврзување со Грција ќе ни обезбеди енергетска независност

Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (LNG) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење, истакнува во интервју за МИА претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и додава дека за овие проекти биле водени напредни разговори со партнерите од Република Грција.

„Верувам дека во текот на оваа година ќе бидат договорени сите точки од договорот и дека уште оваа година ќе може да почне неговата реализација. Со тоа, гасот нема да оди како до сега исклучиво во правец исток-запад, туку ќе оди од југ кон север. Тоа е значајно и за енергетската диверзификација, бидејќи овозможува изградба на гасни централи. Една таква ќе биде изградена и до терминалот во Александруполи“, соопштува премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА.

Ковачевски дополнува дека Северна Македонија продолжува со имплементација на големите стратешки проекти, особено во обновливи извори на енергија.

„Секоја криза треба да претставува и можност. Ние веќе почнавме со имплементација на големите стратешки проекти, особено во обновливи извори на енергија. Минатата недела јас присуствував на пуштањето во употреба на првата фотоволтаична централа во Осломеј. Тоа е прва таква централа на стари наоѓалишта на јаглен во Југоисточна Европа каде што во употреба беше пуштена 10 мегаватна централа, која што ќе дава производство на 15 до 17 гигават часови електрична енергија и која што е изградена од страна на државата.“

Како што потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто за МИА, во почеток на изградба се уште две такви централи по 50 мегавати, на истото место. Едната ќе биде градена од турски „Фортис“, а другата од бугарски „Соларпром“ како големи компании во таа област, коишто на база на јавно – приватно партнерство ќе треба 18, односно 18,5 проценти од приходите од тие централи да го предаваат на ЕСМ, со што државата ќе има годишно 1,5 милиони евра приход и нормално електрична енергија за задоволување на своите потреби.

Дополнително информираше премиерот Ковачевски, ЕСМ со изградбата на уште една десетмегаватна централа, целосното производство на енергија од јаглен во Осломеј практично го заменува со производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија односно од сончева енергија.

Ковачевски потсети дека во тек се работите за почеток на изградбата на голем ветерен парк на германскиот гигант во оваа област „WPD“ со моќност од близу половина гигават, како соларниот парк на „Акуо“ од Франција со исто толкава моќност во близината на Штип.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...