spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Првиот човек Бачовски во посета на Боник Фармер

АФПЗРР: Првиот човек Бачовски во посета на Боник Фармер

Директорот Никица Бачовски оствари посета на фармата во сопственост на Боник Фармер во Црквино, Велес.
Целта на настанот беше доделување на договори за финансиска поддршка за набавка на високостелни јуници од расата Холштајн преку мерката 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства од програмата за рурален развој.

 

 

 

,,Преку повикот за набавка на приплоден добиток објавен во 2021 година одобрени се 103 апликации за кои се склучуваат договори за финансиска поддршка во вкупна вредност од 253 милиони денари. Боник фармер е еден од добитниците на оваа поддршка со која ќе се зголеми капацитетот на оваа семејна фарма за нови 32 стелни Холштајн Јуници. Финаниската поддршка е во висина од 1.9 милиони денари односно 50% од вкупната вредност на инвестицијата.
Преку реализација на оваа мерка се очекува увоз на 2727 јуници, 1056 овци и 50 кози со кои значително ќе се подобри генетскиот потенцијал во македонскиот сточарски сектор, а следствено на тоа очекуваме и поквалитетни и повисоки приноси на македонското млеко. “– информира Бачовски.

 

Максималната вредност на прифатливи трошоци е 6,5 милиони денари по корисник, а апликантите кои ги исполниле условите ќе добијат финансиска поддршка од 50% – 75% од вкупната инвестиција.

 

Агенцијата за финансиска поддршка преку програмите за директни плаќања и рурален развој силно го поддржува домашниот сточарски сектор преку субвенционирање на одгледување на ситен и крупен добиток, државната премија за произведено и предадено млеко како и со поддршката за набавка на високостелен и педигриран добиток.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...