По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика веднаш извршија вонреден инспекциски надзор во институцијата.
По извршените разговори со директорот и вработените во Заводот, направен е и увид во просториите кои што ги користат корисниците во установата.
Од страна на инспекторите е установено дека, согласно фактичката состојба на терен, сите простории се користат, корисниците имаат пристап до истите и слободно се движат како во институцијата, така и во дворот и притоа, се во присуство на вработени во установата.
Констатирано е и дека просториите во кои се корисниците се уредни, чисти и со опрема во согласност со нивните потреби. Во близина на секоја просторија која што ја користат корисниците има тоалети кои се отворени и кои се на нивно располагање.
Согласно, инспекцискиот надзор во однос на наводите изнесени од страна на вработената во установата кои се однесуваат на просториите и условите во кои што се корисниците не се констатирани неправилности во постапувањето.
Во прилог фотографии од фактичката состојба на ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, за време на инспекцискиот надзор извршен од инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерство за труд и социјална политика.