spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Организирани сет работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“

МТСП: Организирани сет работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“

Министерството за труд и социјална политика во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање од 4 до 8 април 2022 година организираше сет на работилници за „Креирање родови индикатори: предизвици и потешкотии“.

 

Целта на работилниците е да се зајакнат капацитетите на институциите во имплементирање на процесите за родово одговорно буџетирање.

На работилниците учествуваа претставници од секторите за стратешко планирање, буџет и координаторите/ките за еднакви можности на жените и мажите од сите министерства.

Работилниците се организирани во рамките на проектот „Унапредување на институционализацијата на родово одговорно буџетирање преку систематска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините институции во Северна Македонија“, како дел од проектот на UN Women „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, поддржан од Швајцарија и Шведска.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...