spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Полска продолжува да биде наш верен соработник со која споделуваме искуства...

МТСП: Полска продолжува да биде наш верен соработник со која споделуваме искуства за понатамошниот напредок во формирање на политики

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Полскиот Амбасадор Војциех Тицињски. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу државите, како и можностите за понатамошното споделување на искуства кое ќе придонесе во креирањето на политики за развојот на државата и нејзината интеграција во Европската Унија.

„Полска е долгогодишен поддржувач и пријател на Северна Македонија. Споделувајќи искуства низ постојаната соработка научивме многу во делот на социјалното претприемништво. Стекнатите искуствата ни се од голема корист и за подготвување на Законот за социјално претприемништво и во делот на ИПА проектите“, рече Тренчевска.

Амбасадорот на Полска изрази поддршка и во унапредувањето на животот на граѓаните во локалните самоуправи и организација на студиски престој и размена на искуства на релевантни теми.

„Ќе ги мотивираме нашите партнери за претприемништво и невладините организации кои работат на социјалните услуги и ќе им дадеме поддршка да се вклучат во реализација на дадените предлози,“ додаде Тренчевска.

Двете страни изразија благодарност за досегашната соработка која ќе продолжи и во наредниот период.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...