spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПреговори за нов Колективен договор и зголемување на плата во рудникот САСА

Преговори за нов Колективен договор и зголемување на плата во рудникот САСА

Претседателот на СИЕР, Игор Ѓерасов и Претседателот на ССМ, Дарко Димовски ги посетија колешките и колегите во Рудникот САСА.

Со вработените беше дискутирано за потребата од потпишување на нов Колективен договор во кој ќе се регулираат прашањата кои се отворени, а се поврзани со унапредување на правата на работниците како и за потребата од зголемување на платите на сите работниците согласно зголемувањето на минималната плата.

На средбата со рударите Претседарелите Ѓерасов и Димовски беа запознаени со проблемите и предизвиците со кои се соочени рударите при извршување на редовните задачи, за мерките за безбедност и здравје при работа и за соработката со раководството.

Беше остварена средба и со менаџментот на Рудникот Саса на кој од страна на Ѓерасов и Димовски му беа презентирани барањата за зголемување на платите во рудникот за најмалку 2806 денари за секој вработен како и за потребата од забрзување на активностите за склучување на нов Колективен договор во рудникот.

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Велес: Фекална канализација во населба Речани

0
Се гради фекална канализација во населба Речани, што започнува во близина на објектот Доминик  и ќе биде во должина од 560 метри. Со изградбата...