Каменот си тежи на своето”, истакна ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент при посетата на Општина Кисела Вода, каде оствари работна средба со градоначалникот Ѓорѓиевски. Професор д-р Аце Миленковски, во минатото и самиот градоначалник, детството го минал во Кисела Вода, па го искажа своето задоволство што има можност да соработува со општината која секогаш ќе ја смета за своја матична.
Градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше околу плановите за развој на овој дел од Скопје и предвидените проекти чија реализација наскоро ќе започне. Соговорниците посебно се задржаа на темата образование, која беше повод за денешната посета на тимот од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.
Преку Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа, се обезбедени 15 целосни стипендии за додипломски студии во оваа институција. Воедно, договорената соработка опфаќа и партнерство во аплицирање на проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, како и организирање на настани од заеднички интерес, подобрување на капацитетите во општината со реализација на обуки и работилници, воспоставување на соработка со други општини, како и експертска поддршка од страна на Универзитетот во сферата на градење и креирње на атрактивни туристички брендови на ниво на Кисела Вода, за што оваа општина, како најстарата скопска општина има огромен капацитет.
Извор: Општина Кисела Вода