spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСекторска работна група за животна средина и климатски акции

Секторска работна група за животна средина и климатски акции

Секретаријатот за европски прашања организираше пленарен состанок на Секторска работна група за животна средина и климатски како дел од првиот циклус  на состаноци за зајакнување на секторскиот пристап кој беше воспоставен со ИПА 2, а ќе продолжи да се применува и во рамките на ИПА 3.

Целта на состаноците беше презентација на стратешките приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање со цел информирање на членовите на секторските работни групи, подобрување на координација на националните ресурси, ресурсите од билатералните донатори и Делегацијата на ЕУ и поддршка во нивната реализација.

Приоритетите во секторот животна средина и климатски промени опфаќа широк корпус на приоритетни проекти кои произлегуваат од реформската агенда во животната средина, условена од новите законски решенија на ниво на ЕУ но и од глобалните зафати од Европската зелена агенда.  Заклучок на овој состанок беше да се продолжи со состаноци и дијалог на техничко ниво за да се дефинираат поконкретно идните проекти.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте