spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСекторска работна група за локален и регионален развој

Секторска работна група за локален и регионален развој

Секретаријатот за европски прашања организираше пленарен состанок на Секторска работна група за локален и регионален развој, како дел од првиот циклус  на состаноци за зајакнување на секторскиот пристап кој беше воспоставен со ИПА 2 а ќе продолжи да се применува и во рамките на ИПА 3.

Целта на состаноците беше презентација на стратешките приоритети на Министерството за локална самоуправа со цел информирање на членовите на секторските работни групи и подобрување на координација на националните ресурси, ресурсите од билатералните донатори , Делегацијата на ЕУ и поддршка во нивната реализација.

Приоритетите на локалната самоуправа се хоризонтална активност која треба да се планира и спроведе имајќи ги предвид стандардите на ЕУ и принципите на демократијата.  Имено сите општини во земјата треба да имаат пристап до исти инструменти и можности, а тоа се обезбедува преку хоризонталната координација на Министерството за локална самоуправа.  На денешниот состанок се увиде дека интересот на донаторите во овој сектор е огромен па оттука произлегува и потребата од постојана координација и транспарентност и инклузивност во планирањето на идните проекти кои ќе се финансираат од донаторите, вклучително и ИПА3.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте