spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМЖСПП: Одржување чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди со поддршка...

МЖСПП: Одржување чиста и здрава животна средина по ЕУ стандарди со поддршка на европските фондови

Во рамки на проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад се обезбедени возила за комунална хигиена.

Набавката и ставањето во употреба на возила за прибирање отпад во Источниот и Североисточниот плански регион овозможија да се оптимизира работењето на комуналните служби за да се обезбеди навремено испорачување на комуналните услуги во корист на граѓаните и отпадот да се испорача до локациите наменети за одлагање отпад со што ќе се заштити средината од неконтролирано одлагање на отпад во согласност со стандардите на ЕУ

Вредностa на овој проект e 3,597,440.00 евра, од кои 85% се средства од ЕУ.

„Мораме заеднички да ги менуваме навиките и по европски терк, во однос на складирање и селектирање на отпадот, да го решаваме проблемот со дивите депонии.

Како Национален ИПА координатор останувам посветен на максимално искористување на ЕУ помошта преку Програмата ИПА за спроведување на реформите од клучните и приоритетни области, како и активностите кои произлегуваат од Зелената агенда“, посочува вицепремиерот Маричиќ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте