Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера оствари средба со Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и со Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на СЕММ.
Меѓу темите на коишто се разговараше беа можностите за соработка и состојбите во медиумската сфера.
Министерот Алити потенцираше дека е подготвен да помогне и придонесе за поддршка и заштита на медиумите коишто промовираат културни и едукативни вредности.
Соработката и конструктивните работни средби ќе продолжат и во иднина.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација