Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2022/2023 година во Република Северна Македонија
Според објавениот Конкурс во СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово, во прва година ќе се запишат 93 ученици во 3 паралелки со настава нa македонски јазик, а врз основа на утврдените наставни планови и програми, ќе се запишат:
Во гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, со 60 поени минимум;
Угостителско – туристичка струка – 25 ученици, 1 паралелка, со 45 поени минимум
– угостителски техничар за рурален туризам/хотелско-ресторански техничар во соработка со Хотел Кратис Кратово;
Хемиско-технолошка струка – 34 ученици, 1 паралелка, со 45 поени минимум
– прехрамбен техничар;
Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта 2022/23
Извор: Општина Кратово