spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Соопштение

МЛС: Соопштение

Со отфрлањето на иницијативата, Уставниот суд го потврди мислењето на Министерството за локална самоуправа доставено до општините дека свечените изјави на конститутивната седница, членовите на советите на општините ги даваат и ги потпишуваат со уставното име на државата.

Со ова и формално се потврдува дека одбивањето на некои членови на општинските совети свечената изјава да ја дадат и да ја потпишат со уставното име на државата е спротивно на Уставот на Република Северна Македонија и на законот за локалната самоуправа.

Со Решение, Уставниот суд на Република Северна Македонија ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за локалната самоуправа кои што се однесуваат на името на државата, со што и формално е потврдено дека и покрај тоа што во Законот за локалната самоуправа стои „Република Македонија”, затоа што Законот е донесен во 2002 година, согласно член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот, при примената на прописите и другите акти на државните органи се користи уставното име на државата.

Иницијативата беше поднесена за оценување на уставноста на деловите од Законот за локалната самоуправа каде што стојат зборовите „Република Македонија”.

Во прилог: Решението од Уставниот суд

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...