spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески на разговор претставниците на групата "Стоп за грабежот"

МП: Министерот Тупанчески на разговор претставниците на групата “Стоп за грабежот”

Министерот за правда, д-р Никола Тупанчески ги прими на разговор претставниците на групата “Стоп за грабежот”, кои со мирен протест го искажаа своето незадоволство од работата на нотарите и извршителите во нашата земја. Тој ги слушна нивните забелешки и предлози и ги увери дека заложбата за подобрување на состојбите во правосудството е несомнена. Во изминатиот период беа значително намалени таксите кои ги наплаќаат извршителите, што беше поздравено од сите присутни на средбата, но заеднички е заклучокот дека сеуште има простор за подобрување на состојбите.

Членови на здружението “Но пасаран”, кои исто така го поддржаа протестот, дадоа свое видување за проблемот со наплатата на сметките за парно греење кај исклучените потрошувачи. Министерот веќе ја договори нивната следна заедничка средба, на која наскоро заедно ќе се обидат да најдат решение за проблемите со кои се соочуваат.

Дијалогот со групата “Стоп за грабежот” ќе продолжи понатаму, бидејќи само преку размена на аргументи и меѓусебна комуникација може да се дојде до подобрување на ефикасноста на институциите и прифатливи решенија за сите граѓани.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...