Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со министерот за животна средина просторно планирање и инфраструктура на Република Косово Либурн Алију на која фокусот на разговорите беше размена на искуства и соработка во областа отпад и управување со отпадот.
Министерот Нуредини ги сподели со косовскиот колега нашите искуства во транзицијата од основно собирање и транспорт на отпад кон циркуларна економија, со акцент на регионалната соработка на локално ниво за спроведување на Националниот план за управување со отпад и искуствата во спроведувањето на Проширена одговорност на производителот.
Се разговараше и за можностите и иницирањето на соработката меѓу двете држави во управувањето со отпадот и циркуларната економија, како и за напредокот кон исполнување на Зелената агенда за Западен Балкан.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање