Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со вд директорот на ЈКП Гази Баба Добри Петров ја отворија новата работилница на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, која е опремена со нова машина абрихтер со пет функции и на истата се изработуваат нови модели на клупи, набавен е и современ алат за работилницата и мобилен алат за на терен, нови агрегати, компресори, хилти како и останат електричен алат за работа.
ЈКП Гази Баба во новата работилница доби и комплетно нова опрема за поставување на водоводни мрежи.
Во изминатиот период значително е зголемена хигиената низ населените места, благодарение на сезонските работници кои се ангажирани во рамките на ова претпријатие.
Исто така, ЈКП Гази Баба доби нова опрема и механизација, контејнери за кабаст отпад и камион специјализиран за подигање на истите, два тонски ваљак за тампонирање на улици и поставување на павер елементи, камион мерцедес наменет за транспортирање на урбаната опрема, машина за фарбање на пешачки премини. Општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи со инвестирање за модернизација на ЈКП Гази Баба 2007.
Извор: Општина Гази Баба