spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Oбезбедени се финансиски средства за реконструкција на казнено-поправните установи, реконструкција на...

МП: Oбезбедени се финансиски средства за реконструкција на казнено-поправните установи, реконструкција на зградата на Управен суд

Обезбедени се финансиски средства за капитални инвестиции во казнено поправните и воспитно поправните установи за 2022 година во износ од 14.433.000,00 денари. Се реализира и планот за спречување корупција во националниот затворски систем.

Во завршна фаза е реконструкцијата на зградата на Управниот суд.
Заокружена е законодавната агенда со сет  закони кои се во собраниска процедура:

  • Закон за Академија на судии и јавни обвинители
  • Закон за парнична постапка
  • Закон за  адвокатура
  • Закон за измени и дополнуввања на Кривичен законик
  • Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета
  • Закон за компензација на жртвите од кривични дела
  • Закон за заштита на физички лица при обработка на личните податоци во врска со обработка на личните податоци за цел и  спречување истрага,откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

Во фаза на изработка се :

  • Кривичен законик
  • Закон за кривична постапка
  • Закон за судски буџет
  • Закон за здруженија и фондации
  • Закон за донации и спонзорства
  • Закон за вонредна состојба
  • Закон за процена

Министерството за правда интензивно работи на неколку проекти меѓу кои и изготвувањето на Граѓански законик кој ќе биде вклучен во новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...