spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПреку зајакнување на капацитетите на Инспекцискиот совет ќе се обезбеди поефикасен надзор...

Преку зајакнување на капацитетите на Инспекцискиот совет ќе се обезбеди поефикасен надзор над инспекциските служби

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа работна средба со в.д. претседателката на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, Даниела Рендевска.

На средбата стана збор за зајакнување на капацитетите на Инспекцискиот совет, со цел да се постигне поефективен и поефикасен надзор над работата на инспекциските служби.

Унапредувањето на работата на Советот, зајакнување на кадровските капацитети, како и подготовка на дополнителни обуки за интегритет на инспекторите се проектите на кои Инспекцискиот совет, со поддршка на нашите меѓународни партнери, ќе работи во наредниот период.

Вицепремиерката Грковска истакна дека зајакнување на интегритетот на инспекторите е многу важен елемент во градењето на одговорни и отчетни институции и носители на функции.

Во тој контекст таа посочи дека од преземањето на функцијата има воспоставена тесна соработка со Инспекцискиот совет, особено во делот на креирање на политики за добро владеење.

На состанокот беше разговарано и за досегашните активности на Инспекцискиот совет насочени кон подобрување на квалитетот на работата на инспекторите, меѓу кои и Е-инспектор, со што се овозможува елиминирање на човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли, зашто процесот на распределба на надзорите и контролите се прави по електронски пат.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...