Во просториите на општина Илинден градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, на која стана збор за реализација на проекти од заеднички интерес на двете општини.
За време на средбата, градоначалниците потпишани формулари за аплицирање за проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година, во рамките на која е и реализацијата на проектот за Реконструкција на локален пат Илинден-Хиподром-Маџари.
На работната средба беше договорено двете соседни општини да ја продлабочат соработката, да продолжат да работат посветено и со силен интензитет во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните.
Извор: Општина Илинден