Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денеска ги посетија дневните центри за лица со попреченост во населбата Волково.
– Дневните центри за лица со попреченост во Волкови секојдневно овозможуваат поддршка на лицата со интелектуална попреченост над 18 години, како и на нивните семејства. Градот Скопје го поддржува зајакнувањето на капацитетите на дневните центри овде во Волково, затоа што истите обезбедуваат подобар и поквалитетен живот на лицата со интелектуална попреченост, дневно згрижување, едукација, организирано живеење и нивно ангажирање, вклучување во спортски и културни активности – кажа на средбата градоначалничката Арсовска.
Дневните центри се вистинска поддршка на лицата опфатени со процесот на деинституционализација кои сега живеат во заедница во станбените единици за домување. Во центрите за нивните корисници се реализираат голем број на активности во склоп на работилниците кои се едукативни, креативни, музички, фолклорни, компјутерски, шивачки, модерни танци спортски активности и слично.
Едукативните работилници имаат за цел нивно оспособување за самостојно живеење, како и промовирање на корисноста на лицата со пречки во интелектуалниот развој во општеството, како и да им помагаат на нивните родители да го организираат својот живот и да можат да ги извршуваат секојдневните обврски.
Во рамките на овој проект за лицата со интелектуална попреченост годинава се организира и Летен камп во Охрид.
Извор: Град Скопје