spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрадот Скопје: Поддршка за сензорна терапија и третман на деца со...

Градот Скопје: Поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи

Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје. За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението.

– Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност,  истакна Арсовска на средбата.

Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...