Министерството за животна средина и просторно планирање на барање на Милиеуконтакт Македонија и општина Дојран завчера организираше донаторски настан за подобрување на еколошката состојба на споменикот на природа Дојранското Езеро.
Министерот Нуредини ги поздрави напорите на општина Дојран за изнаоѓање решенија за заштита на Дојранското Езеро и истакна дека и МЖСПП и Владата на РСМ се свесни дека станува збор за мала општина што има потреба од дополнителна поддршка.
На настанот пред присутните претставници на меѓународни организации беа презентирани состојбите со еколошките проблеми со кои се соочува Дојранското Езеро и од страна на Милиеуконтакт Македонија беа понудени конкретни решенија засновани на природата за третман на отпадни води во сливот на Дојранското Езеро и природни решенија за ревитализација на крајбрежјето за заштита од загадување и поплави, што се оценети од општина Дојран како решенија што имаат потенцијал да донесат бројни придобивки за езерото, за одржливиот развој на Дојран и на целиот регион.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање