Државниот Секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, учествуваше на меѓународната конференција на тема: “Ефектите од природните непогоди, антропогените влијанија и климатските промени врз геолошкото, природното и културното наследство” , што завчера и вчера се одржуваа во општина Демир Капија.
Според државниот секретар Шукова, анализата на европските искуства ни укажува дека сите држави каде досега се формирани геопаркови, како современ начин на заштита, промоција и одржливо искористување на овие вредните геоподрачја, се со позитивни искуства. Воедно, геопарковите се и показатели за тековните климатски промени и места каде се демонстрира користењето на најдобрите практики, искористување на обновливите енергии и се практикуваат најдобрите стандарди за зелен и одржлив туризам.
На конференцијата присуствуваат професори и доктори на науки од европски и балкански универзитети, како и претставници од веќе формираните геопаркови во Србија, Хрватска и Словенија.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање