spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски ја отвори Работилницата за развој на социјални услуги на...

Илинден: Градоначалникот Георгиевски ја отвори Работилницата за развој на социјални услуги на регионално ниво

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во својство на претседател на Советот за социјална заштита на Скопскиот плански регион, ја отвори Работилницата за развој на социјални услуги на регионално ниво.

Работилницата се реализира со поддршка од Канцеларијата на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку проектот „Креирање можности за работа за сите“.

Во своето обраќање до присутните градоначалникот Георгиевски истакна дека општините како дел од одреден плански регион можат многу да придонесат при изготвувањето на соодветна стратегија за социјална заштита.

При изготвување на стратешкото планирање, а истовремено поаѓајќи од премисата дека општините треба да се најдобро запознаени со потребите на своите жители меѓу кои и оние на кои им е потребна помош, произлегува можноста да помогнат во мапирање на теренот како и во однос на видот на социјална помош која е најпотребна, додаде градоначалникот Георгиевски.

Посакувајќи им на учесниците успешна и плодна работилница, тој ја искористи можноста да искаже благодарност за поддршката обезбедена од страна на УНДП и Проектот „Креирање можности за работа за сите“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, како и Монистерството за труд и социјална политика.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...