spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Доделени хуманитарни пакети за Рамазан Бајрам

Петровец: Доделени хуманитарни пакети за Рамазан Бајрам

По повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам градоначалникот Борче Митевски традиционално секоја година додели хуманитарни пакети со прехранбени артикли за социјално најранливата категорија на семејства на целата територија на Општина Петровец.

Се поделија 90 хуманитарни пакети со прехранбени артикли.

Во делењето на хуманитарните пакети учество земаа и председателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, Советниците од Советот – Елми Керими, Шеќо Личина, Маријан Андреевски, како и други лица вработени во општинската администрација.

Хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина, за да им се помогне на семејствата од социјално најранлива категорија, празникот Рамазан Бајрам да го поминат во пријатни празнични моменти.

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...