spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Распределни се 70 социјални станови во Гостивар

МТВ: Распределни се 70 социјални станови во Гостивар

Владата во континуитет се грижи за најранливите категории граѓани и тоа се покажа со изградба на преку 850 станови за социјални семејства низ земјата, истакна за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, присуствуваше на прелиминарната распределба на 70 станови во станбената зграда наменета за социјално ранливи групи во општина Гостивар.

На огласот објавен од Министерството за транспорт и врски, право на учество имаа деца без родители, корисници на минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница кои се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни деца.

Министерот Бочварски информираше дека до крајниот рок на поднесување на потребната документација, во Центарот за социјални работи во Гостивар аплицирале вкупно 190 граѓани, од кои по прелиминарната распределба, 74 од апликантите имале комплетна документација.

„Имаме голем одзив на јавниот повик во Гостивар. Сакам да потенцирам дека денешната јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Почнувајќи од денеска па во наредните нареднте денови, Комисијата составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период, заради подобри услови и обезедување на достоинствен живот за сите граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.

Во следниот период преку Министерството за транспорт и врски ќе бидат објавени јавни повици за распределување на уште 132 социјални станови и тоа 48 во Пробиштип, 36 во Виница и 48 во Свети Николе.

Во завршна фаза е изградбата на социјалните згради во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а активно се градат зградите во Бутел, Велес, Кочани, Пехчево и  Сарај.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...