spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Јавен повик за доделување субвенција за проектот Сервис за стари лица

Центар: Јавен повик за доделување субвенција за проектот Сервис за стари лица

Врз основа на член 36 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр. 01/06, 12/15, 9/19, 14/19 и 1/21) и точка 3 од Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар – Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 21/21), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување субвенција за  Проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните“

Општина Центар – Скопје отпочнува со реализирање на Проектот Сервис за стари- „Центар се грижи за возрасните“ почнувајќи од 12.05.2022 година (четврток) од кога и ќе се примаат барања за доделување субвенција.

Реализацијата на Проектот ќе трае па се до исцрпување на финансиските средства педвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат апликација во Архивата на Општина Центар – Скопје.

Заедно со апликацијата во Архивата треба да се поднесат:

  • Фотокопија од лична карта
  • Фотокопија од потврда за примена пензија
  • Фотокопија од медицински документ за здравствената состојба на лицето-барател

Општи услови:

  • лицата што аплицираат да се на возраст над 60 години
  • лицата што аплицираат да се жители на Општина Центар-Скопје

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Бутел: Започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица...

0
Ветувањето пред граѓаните на Визбегово се реализирам со забрзана динамика.Денес започна асфалтирањето на една од најголемите улици во Визбегово, улица 1.Улица 1 заедно со...