spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Заменик министерот Рендевски на Институтот за патофизиологија по повод Јапонска донација

МЗ: Заменик министерот Рендевски на Институтот за патофизиологија по повод Јапонска донација

Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада информираше дека дигиталниот ултразвук е брендот Хитачи, упатувајќи благодарност што со донацијата се намалило времето за чекање на преглед на тироидната жлезда. Од 1996 година Јапонија поддржа 171 проект во вкупна вредност од 8,5 милиони евра, во секторот на здравство, образование и животна средина, од кои 23 проекти се потпишани во изминатите 12 месеци.

Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски изрази огромна благодарност за донацијата.

– Како држава сме среќни што не само оваа донација туку и сите години наназад, Јапонија е еден од најголемите донатори во македонското здравство со една софистицирана и модерна опрема во сите сегменти со која ќе се подобри квалитетот и во дијагностиката и во пружањето на здравствените услуги.

Раководителката на ИПНМ проф.д-р Даниела Миладинова изстакна дека вредноста на донацијата беше околу 23.000 евра, а истата се реализираше во текот на 2020 година. Ехо-апаратот се користи од вработените на ИПНМ веќе две години и придонесе за поголемата достапност на методата и зголемување на бројот на ехо прегледи кај пациентите со заболувања на штитната жлезда за 30 проценти.

Од име на медицинскиот факултет благодарност изрази е деканката Проф. д-р Соња Топузовска, која истакна дека инстутот за патофизиологија и нуклеарна медицина е една од најафирмираните оддели како наставна база, но и како економска едицина на факултеот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...