spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нова магнетна резонанца во Прилепската болница

МЗ: Нова магнетна резонанца во Прилепската болница

Нова магнетна резонанца првпат се обезбедува во прилепската болница.Со ова означуваме ново поглавје во сегментот зајакнување на дијагностика во оваа установа, кажа министерот Беким Сали при посетата во Општата болница во Прилеп.

Овој апарат за магнетна резонанца е набавен како дел од ИПА фондовите за нашата држава за справување со здравствени закани и зајакнувањето преку проектот продолжува и во други здравствени установи.Станува збор за апарат philips ingenia 1,5 T Omega со јачина на магнетно поле 1,5 Т( тесла). – Новата магнетна резонанца од денес е поврзана во Мој термин и во ПАКС системите. Со ова, продолжуваат инвестициите во опрема во интерес на приближување на оваа софистицирана дијагностичка процедура до пациентите, посочи министерот Сали.

Дополнително,во делот на опременост,набавено е ново гинеколошко ехо, нов дигестор за патологија. Во тек е постапка за набавка на медицинска опрема, апарати за анестезија, хирургија, физикална, трудова медицина, пациент монитори за транспорт.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...