Нова радиотераписката машина – линеарен ацелератор е ставен во функција за пациентите со малигни заболувања на Клиника за радиотерапија и онкологија.
По тој повод ја посетив клиниката, каде заедно со директорот, д-р Никола Васев направивме обиколка на просториите каде е сместена оваа современа радиотераписка машина, што обезбедува голема успешност во третманот на канцерогените заболувања, а се скратува и времето за подготовка на пациентот.Со линеарниот акцелератор се воведува нова техника на радиотерапија-волуметриска модулирана лачна терапија (ВМАТ), при што се опфаќа туморот и ризичниот простор околу него.
Новата машина е обезбедена со средства од Министерство за здравство преку јавна набавка во вредност од 108 милиони денари. Продолжуваме со инвестиции за унапредување на работата на јавните здравствени установи.
Клиниката за онкологија, со новиот линеарен акцелератор има вкупно четири акцелератори и сите пациенти навреме ја добиваат неопходната зрачна терпија.
Извор: Министерство за здравство