spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Се грижиме за секој земјоделец, вода во каналите има, лозарите нека...

МЗШВ: Се грижиме за секој земјоделец, вода во каналите има, лозарите нека не потпаѓаат на политички мотивирани протести

Сакајќи граѓаните да ја знаат вистината, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, чувстува потреба да реагира на протестот на лозарите.

Како министерство одговорно и посветено носиме мерки и се грижиме за секој еден земјоделец, особено во овие моменти кога како последица од светската криза предизвикана од војната во Украина, земјоделците се соочуваат со големи трошоци за производство.

Подготвивме Национален план за производство на храна, токму еден дел од овој план се однесува на предвременото пуштање со работа на сите водоснабдителни системи. Токму во таа насока одговорно тврдиме дека сите водоснабдителни системи за наводнување на земјоделските површини се активни и во фунцкија. Вода е пуштена во системот Пепелиште, вода има и во село Курија, односно целосниот систем и каналите за Неготино и Кавадарци се во фунцкија и имаат вода. Единствено проблем во водоснабдувањето поради дефект на кој активно се работи и во наредните два дена се очекува истиот да биде решен е во Росоман.

Во врска со исплатата на ланските штети, во интерес на вистината, сакаме да ја информираме јавноста дека Владата донесе одлука со која на општините  Росоман, Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце им се исплаќаат средства за исплата на штети предизвикани од пожар, мрзнење и дожд за 2021 година. Овие средства од страна на Владата веќе се пуштени на сметка на општините и од таму треба да биде извршена исплата на земјоделците.

Би сакале да истакнеме дека неисплатениот дел на субвенции кон неколку земјоделски стопанства се јавува поради утврдени разлики во контролата на терен. Исто така за исплатата на 20% за регистриран земјоделец сакаме да информираме дека лани министерството изврши исплата за 2018 и 2019 година, додека исплата би следела и за 2020 и 2021 година.

Лозарите можат да бидат спокојни дека ќе имаат зелена нафта, како и секоја година така и оваа година, најкасно пред бербата ќе ги добијат картичките за зелена нафта.

Исто така во интерес на вистината би сакале да инфомрираме дека токму министерот Љупчо Николовски заедно со претставници од министерствотото, градоначалниците и пратениците од тиквешкиот регион, пред неколку недели, во општина Кавадарци, имаа конструктивна средба со земјоделските здруженија на лозарите и винариите. Како резултат на оваа средба министерството веќе сериозно работи и презема мерки за решавање на барањата кои на средбата ги имаа здруженијата, преку мерки во интервентниот фонд за поддршка на лозарите и винариите.

На крајот ќе остане неодговорено прашањето дали овие денешни протести се организирани од “вистински лозари“, или протести организирани од страна на партиските другари на Цветан Трипуновски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, секогаш е на страната на вистинските земјоделци, носејќи мерки и политики со кои даваме поддршка на секој земјоделец.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...