Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ градоначалникот Александар Стојкоски, заедно со одделението за јавни дејности реализираа средба со уметници ,културни работници, дејци и други лица од сите области на културата кои вршат дејност на територијата на Општина Ѓорче Петров.
На средбата се разговараше да се изнајде начин сите тие како главни двигатели на културниот живот активно ќе се вклучат и преку свои идеи, предлози, активности, учество и проекти заедно ќе придонесеме за издигнување на културната свест кај граѓаните, посебно најмладите, децата.
На овој начин ќе се овозможи поголема соработка, подобра комуникација со нив, а преку организирање на овие работни средби општината покажува отвореност за нови идеи и предлози со цел збогатување на културниот живот, бидејќи културата на еден народ е неговото најголемо богатство- слика за неговата традиција, историја, постоење…
Извор: Општина Ѓорче Петров