spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаАвтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и...

Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската православна црква.

Во продолжение на соопштението, ви ја пренесуваме честитката во целост:

„Почитувани граѓани,

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија, и како автентичен дел на македонскиот идентитет. Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква – Охридска Архиепископија се стекнува со автокефалност.

Оваа со векови очекувана вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската православна црква, на која патријархот Порфириј соопшти дека одлуката МПЦ-ОА да  биде прифатена како автокефална црква ќе биде предложена пред Вселенската патријаршија со препорака таа да биде прифатена од сите православни цркви.

Нека е честит овој голем ден за сите православни верници и за сите граѓани“.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте