Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, заменик директорот на Агенцијата Амир Билали, Заменик министерката замлади и спорт на Република Бугарија г-ѓа Диана Иванова, директорот на Национална агенција Марко Ѓоргиевски, градоначалници и претставници на општините, претставници на државните органи, како и претставници на националните организации и младинските организации од Република Бугарија и од Република Северна Македонија, присуствуваа на првата активност од оперативниот план по потпишување на Меморандумот за соработка од областа на младите и спортот помеѓу Агенцијата за млади и спорт на РСМ и Министерството за млади и спорт на Р Бугарија, на тема: Размена на искуство во областа на политиката за млади на локално ниво, со учество на активни млади луѓе, како и интензивирање на младинската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
На средбата беше споделено искуство во спроведувањето на младинските политики на локално ниво, кое е од огромно значење и за претставниците од Република Бугарија и за претставниците од Македонија. Ваквите средби и форуми ќе придонесат за поголема меѓусебна соработка на пограничните општини, како и за воспоставување на меѓусебна соработка помеѓу младинските организации од двете држави.
Заменик министерката за Млади и спорт, г-ѓа Диана Иванова, се заблагодари на поканата за нивно учество на прва ваква средба помеѓу двете држави и истакна дека наредната ќе се одржи во Република Бугарија.
Заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Амир Билали, ја образложи улогата на Агенцијата за млади и спорт и активностите и политиките кој ги спроведува .
Директорот на Агенцијата за млади и спорт ја истакна огромната важност од овие средби за размена на позитивни практики во младинските политики на локално ниво, како можност за вмрежување помеѓу младинските организации и единиците на локална самоуправа.
Заклучоци кои произлегоа од еднодневниот форум:
- Размена на добри практики во младинската работа и воспотатвување на соработка преку заеднички средби за работата на Младинските Центри во РСМ и Бугарија.
- Во полето на младинската политикиа да се користат добрите практики на локлано ниво и да се даде можност на младите луѓе практично да учествуваат во креирањето и спроведувањето на истите.
- Размена на младински политики и идеи помеѓу младинските совети од двете соседни држави со цел да се унапреди младинското учество.
Извор: Агенција за млади и спорт