Врз основа на Решение бр. 18–668/2 од 05.05.2022, донесенo од Директорот на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК за Европска иновативна настава ЕИТА, под наслов : ‘Learning together, promoting creativity and sustainability’ – ‘„Учиме заедно, промовирајќи креативност и одржливост“
1. Опис и опсег на Европската награда за иновативна наставаЕИТА
Како дел од Комуникацијата за постигнување на европскиот образовен простор до 2025 година, воспоставена е иницијативата Европската награда за иновативна настава (ЕИТА) за да ги прикаже извонредните иновативни практики за учење и учење преку пракса кои се имплементирани во рамките на програмата Еразмус + и да ја препознае работата на наставниците и нивните училишта кои даваат исклучителен придонес во професијата. Наградата има придонес за истакнување на вредноста на европската соработка во областа на училишното образование и за воспоставување на Европската образовна област.
Наградата се доделува на годишно ниво на успешно финализирани проекти Еразмус+. Бидејќи проектите на Еразмус+ веќе се базираат на грантови, наградата има симболична вредност на валоризација и нема да обезбеди дополнителни парични придобивки за наградените. Сепак, проектите доделени со ЕИТА ќе бидат промовирани на европско и национално ниво како примери на добри практики за иновации во образованието.
2. Географски опфат и категории на награди
Ќе бидат доделени четири ЕИТА награди за програмата Еразмус+, по една за секоја од следните категории:
• предучилишно образование;
• основно образование;
• средно образование и
• училишта за стручно образование и обука (СОО).
3. Технички критериуми
Општото правило за учество во повикот се однесува на финализираните проекти кои започнале помеѓу 2017 и 2021 година и истите треба да се земат предвид за ЕИТА. Проектот чиј финален извештај е уредно доставен, оценет и затворен во административна смисла треба да се смета за финализиран.
* КА219-КА229 само parent projects
Проектот што ја добил ЕИТА наградата во претходната година не може повторно да се разгледува.
3.1. Критериум за избор: тематски приоритет
Секоја година, Комисијата дефинира тематска област која мора да биде адресирана преку проектите за да бидат разгледани за избор за Европската награда за иновативна настава. Во 2022 година, годишната тема на ЕИТА е „Учиме заедно, промовирајќи креативност и одржливост“, директно поврзана со иницијативата на Европската комисија Нов европски Баухаус (НЕБ).
Иницијативата Нов европски Баухаус НЕБ го поврзува Европскиот зелен договор- European Green Deal со нашиот секојдневен живот и просторот во кој живееме.
Елементи кои се дел од годишната тема за 2022 година се:
• „Креативност“ – поврзана со приоритетот на НЕБ „убаво“, важна тема во образованието. Во овој контекст, ќе се разгледа влијанието на просторите и архитектурата врз учењето;
• „Одржливост“ – општ приоритет на Комисијата и клучен елемент на НЕБ;
• „Учиме заедно“ – партиципативен и инклузивен елемент, општ приоритет на Комисијата и елемент на НЕБ.
3.2 Иновативните карактеристики ќе бидат оцените на скалило од 1 до 10 и тоа:
1. Методологии -На кој начин достигнувањата на предавање и учење се елаборирани и имплементирани во проектот за иновативност?
– Мултидисциплинарни пристапи
– Развој на клучните компетенции (знаење, вештини и ставови)
– Поврзување на формалното, не-формалното и неформалното учење
– Инклузија, учество, соработка
– Иновативна употреба на дигитални алатки (особено еТвининг)
– Активната улога на учениците во процесот на учење
2.Околина- На кои начини средините за учење се вклучени во проектот и ги поддржуваат иновативни пристапи за настава и учење?
– Училиштата како овозможувачи на иновации
– Креативно користење на просторите за учење
– Одржливо користење на расположливите ресурси
– Достигнување на ниво на цело училиште
– Меѓусекторска соработка
3.Наставници- На кој начин наставниците/воспитувачите вклучени во проектот влијаат врз иновативните процеси на настава и учење?
– Агенцијата за наставници како иноватори
– Компетенции на наставниците
– Соработка на наставниците и учење од врсници
4. Импакт- Какво е влијанието на иновативните процеси на настава и учење елаборирани и имплементирани во проектот?
• Директно влијание врз целните групи
• Вклучување на учесници со помалку можности
• Ефект на прелевање (на други ученици, наставници, училишта, локални заедници).
Аплицирањето ќе се одвива по електронски пат на адреса на електронската пошта martina.najdoski@na.org.mk со наслов: ‘Learning together, promoting creativity and sustainability’ – ‘„Учиме заедно, промовирајќи креативност и одржливост“ ‘. Во мејлот потребно е да се достави пополнет формат за учество- Appendix со опис на проектот. Крајниот рок за аплицирање е на ден 06.06.2022 годинa до крајот на денот.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност