spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека...

Град Скопје: Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен булевар

Eкипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, деновиве почнаа со градежни активности за реконструкција на пешачката патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен Булевар на потегот од градилиштето на компанијата Лимак до стара Рампа, со вкупна површина од 1480 квадратни метри.

Постоечката пешачка патека на овој потег во должина од 370 метри, широка е 4 метри, а на одредени делници со променлива широчина и во рамките на реконструкцијата на половина од овој потег ќе биде изведена нова велосипедска патека.

Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, а со реконструкцијата на пешачката патека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците во овој дел од градот.

 

 

 

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...