Општина Илинден заедно со Федерацијата на училиштен спорт на Македонија на спортските терени во Илинден и Марино организираа Државно првенство во фудбал во женска категорија и Државно првенство во ракомет во машка категорија во рамки на основните училишта од државата.
На овие две големи првенства по претходно одиграни натпревари во нивните дисциплини обезбедија учество основните училишта ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци во женски фудбал и ,,Ристо Крле” од Кадино во ракомет во машка категорија.
На одржаните натпревари присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој покрај доделувањето на пехарите на најдобрите екипи, истакна дека одржувањето на спортските натпревари и вложувањата во спортот ќе бидат секогаш поддржани од локалната самоуправа.
На натпреварите во фудбал женска категорија првото место го освои екипата на ООУ ,,Кирил и Методиј” од Кочани, второто место ООУ ,,Наим Фрашери” од Тетово и третото место ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци. Додека во ракомет првото место го освои домаќинот односно екипата на ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино, второто место му припадна на ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Струга и третото место ООУ ,,Крсте Петков Мисирков” од Куманово. За најдобар играч на теренот во ракомет беше прогласен ученикот Антонио Трајановски од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино.
Најдобрите 10 ученици ќе учествуваат на бесплатен државен училишен спортски капм кој ќе се одржи во Охрид, кој ќе се одржи кон крајот на месец јуни.