spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот за брзо решавање на...

Северна Македонија и Бугарија да го продолжат дијалогот за брзо решавање на спорот

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со бугарскиот европратеник и известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, г. Илхан Ќучук.

На оваа средба, Груби и Ќучук разговараа за досегашниот тек на преговорите со соседна Бугарија, потребата од нивно динамично продолжување со уште поконструктивен пристап за деблокирање на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, како и за билатералните проекти кои ќе ги продлабочат добрососедските односи.

Првиот вицепремиер Груби на бугарскиот европратеник му ја истакна решителноста и непоколебливоста на земјата на патот на евроинтеграциите, како и го информираше за унапредувањето на работниот процес за реализација на Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект што поефикасно ќе ги поврзе двете земји.

Европратеникот Ќучук му ја пренесе на Груби неговата посветеност за континуираното лобирање за геополитичката важност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Груби и Ќучук ја завршија средбата со оптимизам за европската перспектива на Северна Македонија и за прогресивниот развој на двете земји.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте