Четвртиот Светски ден за безбедност на храната (World Food Safety Day) ќе се одбележи на 7 јуни 2022 година и ќе биде насочен кон привлекување внимание и инспирирање на акција за да се помогне во спречување, откривање и управување со ризиците поврзани со храната, придонесувајќи за сигурност на храната, здравјето на луѓето, економскиот просперитет, земјоделското производство, пристап до пазарот, туризмот и одржливиот развој.
Безбедната храна е од суштинско значење за здравјето и благосостојбата на луѓето. Само кога храната е безбедна можеме целосно да имаме корист од нејзината хранлива вредност, како и од менталните и социјалните придобивки на споделување безбеден оброк. Безбедната храна е една од најкритичните точки за добро здравје.
Небезбедната храна е причина за многу болести, а придонесува и за повеќе лоши здравствени состојби, како што се нарушен раст и развој, недостаток на микронутриенти, ментални болести, итн. На глобално ниво, еден од десет луѓе се погодени од болести предизвикани од храна на годишно ниво. Добрата вест е тоа што повеќето болести кои се пренесуваат преку храна може да се спречат.
Нашето однесување, начинот на кој ги градиме системите за безбедност на храна и како ги организираме синџирите за снабдување со храна може да спречат различните микробни патогени (бактерии, вируси и паразити), хемиски резидуи, биотоксини и други штетни или опасни материи да се најдат во нашите чинии.
Треба да ги трансформираме системите за безбедност на храна да обезбедуваат подобро здравје, и тоа треба да се направи на одржлив начин.
Безбедноста на храната е заедничка одговорност (Food safety is everyone’s business)
Слоганот за Светскиот ден за безбедност на храната е потсетник дека сите ние имаме одговорност во одржување на храната безбедна.
Извор: Агенција за храна и ветеринарство