spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Слободни работни места во првото тримесечје од 2022 година

ДЗС: Слободни работни места во првото тримесечје од 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.75 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.18 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.25 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места од 2.45 %.

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.25 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 712, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...