spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Шесто издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”

Охрид: Шесто издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”

Врвни атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 држави ќе бидат дел од шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”, која од утре до недела ќе се одржува во Охрид.

Организатор на атлетскиот викенд е клубот „Охрид ТрчаТ“ со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании.

Градоначалникот Кирил Пецаков смета дека „Охрид Трчат“ е еден од неколкуте препознатливи настани со кои може да се пофалиме и кои гордо ги претставуваме пред светот.

-Бројката од над 1300 пријавени учесници од 18 држави, кои викендов ќе трчаат во Охрид ја поставува оваа манифестација високо на листата од врвните спортски настани, не само во нашата држава, туку и во поширокиот регион. Убеден сум дека и овогодинешното издание на „Охрид Трчат” ќе биде уште еден вистински спортски спектакл, кој ќе испрати силна порака за поголема афирмација на трчањето и здравите спортски навики, рече Пецаков.

Тој истакна дека прецизната и беспрекорна организација на веќе искусниот тим кои стои позади идејата и концептот на настанот и оваа година е поддржана и помогната од Општина Охрид.

-Се надевам дека оваа спортска приказна ќе стане традиционална и дека ќе има уште многу успешни изданија во иднина. Јас како Градоначалник ќе бидам секогаш подготвен за соработка и за поддршка на вакви настани, кои се одржуваат надвор од шпицот на летната сезона и настани кои можат да дадат придонес за поголема промоција на Охрид како туристичка дестинацијаНа сите професионални атлетичари, спортисти и рекреативци од нашата држава и од регионот кои ќе бидат учесници на трките им посакувам да имаат исклучително спортско доживување кое долго ќе го паметат, рече Пецаков. Тој упати покана до сите љубители на спортот овој викенд да го посетат Охрид и да бидат дел од публиката.

Од страна на организаторите на „Охрид Трчат”, денеска на градоначалникот Пецаков му беше доделен неговиот учеснички број на трката од 5 километри.

Официјалната програма започнува со Ноќната трка која ќе се одржи утревечер со почеток во 21 часот. Главните трки на 5 и 21 километар ќе се одржат во недела на 5-ти јуни. Трката на 21 километар е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари, а трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти.

Како дел од програмата од охридскиот атлетски викенд, во сабота е предвидена организација на Панел дискусија на тема „Детска атлетика“. Исто така, во рамки на програмата се предвидени и бројни социјални и забавни активности како и богата музичка програма.

За време на трките ќе биде организиран посебен сообраќаен режим кој е прилагоден на времениот сообраќаен режим кој е активен во централното градско подрачје. Ораганизаторите упатуваат апел до жителите и туристите  за разбирање и поддршка на настанот.

 

 

Извор: Општина Охрид 

 

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...