Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните работи на изградбата на приклучоците во фекалната канализација во населеното место Смилковци.
Со почетокот на изградбата на приклучоците, проектот за изградба на фекалната канализација во Смилковци влегува во завршна фаза. ЈКП „Гази Баба 2007“ e изведувач на активностите.
Изградбата на новите канализациони системи останува приоритет и во следниот период ќе започне третата фаза за изградба на фекалната канализација во Гоце Делчев, втората фаза на фекалната канализација во Црешево, како и нова фаза на фекалната канализација во Трубарево – Чукур маало.
Додека пак, за населеното место Јурумлери ќе ја зголемиме динамиката на изградба на фекалната канализација.
Извор: Општина Гази Баба