spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Финасиска поддршка за меѓународно наградуваниот теквондист Ѓорѓиовски

Кисела Вода: Финасиска поддршка за меѓународно наградуваниот теквондист Ѓорѓиовски

Кисела Вода има таленти кои ја позиционираат високо на меѓународната спортска сцена и тоа е успех кој Општината треба да го цени, вреднува и награди, беше заклучокот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој оствари средба со Иван Ѓорѓиовски, освојувач на бројни медали во теквондо натпреварувањата.

 

Овој осумнаесетгодишник од Припор, само во 2022 година има освоено четири медали на меѓународни турнири-златен во Вршац, бронзен во Зрењанин, прво место во својата категорија на натпреварот “Скопје Опен”, како и трето место во Ниш, во конкуренција од 1800 натпреварувачи.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му честиташе за успехот и најави еднократна финансиска поддршка, од Општина Кисела Вода, бидејќи континуираните високи достигнувања, посебно во спортот, значат добра лична, но и одлична презентација на Македонија пред Светот. Исто така, тие се одличен пример и стимул за останатите млади луѓе кои во моментот ги формираат своите приоритети.

 

На средбата тој продисктира и со Јане Стојчевски, основач и тренер на теквондо клубот “Корио-Кисела Вода”, кој постои веќе 9 години.  Тој му ги презентираше бројните успеси остварени од членовите од А-класата. Покрај Иван, кој е во категорија на сениори, големи достигнувања на меѓународни натпреварувања, имаат и Михаил Гелевски-едно злато и една бронза, Александар Ангеловски три бронзи, Александар Цветковски три бронзи, Емилија Костовска два сребрени медали, како и Дамјан Цветановски кој има освоено еден златен медал.

Општина Кисела Вода им посакува успех на сите натпреварувачи од “Корио-Кисела Вода”во натпреварувањата во претстојната сезона.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...