spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ...

Град Скопје: Нов летен расад ги разубавува цветните леи и фигури низ градот

Екипите на ЈП Паркови и зеленило деновиве интензивно работат на терен и ги подготвуваат површините за садење летен расад на цвеќиња, како и на замена на пролетниот со летен цветен расад. Екипите ги разубавуваат леите и цветните фигури со садење цветен расад од видовите:
тагетес, агератум, бегонија, целозија, колеус, цинија, цинерарија, салвија, пеларгониум и далија.
Наведените видови на цвеќе се од сопственото производството, односно од производните капацитети на претпријатието.  Сезонски  цветен расад екипите садеа  во реоните Капиштец, Центар и во Автокоманда. Поради високите температури интензивно се наводнува зеленилото, а онаму каде што нема поставено систем за наводнување се носи вода со цистерни.
Екипите на ЈП Паркови и зеленило со цистерна го наводнуваа зеленилото во  реонот Бутел и во Градски парк. Секторот дрвореди по барање на ЈСП за кастрење на гранки кои  пречат на двокатните автобуси, извршија кастрење  на 47 гранки на дрвја  на булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од Веро Џамбо до Железничката станица и од Железничката станица до трговскиот  центар Бисер.

Прочитајте

МСПДМ: Поддршката од Швајцарија на приоритетните области – млади, социјално ранливи...

0
Министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, на...