spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Реконструирани 9.000 квадратни метри пешачки патеки во Градскиот парк

Град Скопје: Реконструирани 9.000 квадратни метри пешачки патеки во Градскиот парк

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје вчера ја  завршуваат реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк. По интензивната работа во изминатите месеци целосно се реконструирани патеките зад Зоолошката градина кај Сточарскиот институт и патеките зад Луна паркот.

Реконструкцијата на пешачките патеки во паркот се вршеше по налог на Град Скопје, се реализираше во фази и се одвиваше на вкупна површина од 9.000 квадратни метри. Патеките се со променлива должина и широчина и  бидејќи се целосно реконструирани и асфалтирани, граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

Со завршувањето на реконструкцијата на патеките во овој дел од паркот, во наредните денови екипите продолжуваат со активности за реконструирање на пешачките патеки во внатрешноста на паркот на површина од околу 2.800 квадратни метри.

Во текот на утрешниот ден екипите почнуваат со изработка на времен премин преку каналот во Градскиот парк за да се овозможи транспорт на машините и возилата при реконструирање на патеките во средишниот дел.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...