Вчера градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше и се обрати на затворањето на училишните спортски лиги кои се одржуваа на територија на општина Гази Баба за учебната 2021/2022 година.
Орагaнизатор на училишните спортски лиги беше Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба каде учествуваа над 800 ученици од основните училишта во општина Гази Баба, каде најуспешните добија дипломи и медали за постигнат спортски успех во учебната 2021 / 2022 година.
Во рамки на училишните спортски лиги се оддржаа натпревари во футсал – машки, кошарка – машки, одбојка – женски, ракомет – женски, кошарка – женски, футсал – женски како и натпревари во различни дисциплини во атлетика.
Стефковски им честита на сите основни училишта и ученици-поединци за постигнатите успеси во натпреварите кои се оддржуваа во текот на учебната година.
Извор: Општина Гази Баба