spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Мисијата она ОБСЕ во Скопје ја поддржува иницијативата за подготовка на...

МП: Мисијата она ОБСЕ во Скопје ја поддржува иницијативата за подготовка на нов Изборен законик

Министерот за правда Никола Тупанчески оствари средба со Амбасадорот  Клеменс Која и преставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје на која беа запознати со активностите кои ги презема Министерството во насока на формирање работна група која ќе треба да го подготви  новото законско решение.

Очекувањата се целиот процес да се одвива транспарентно и во него да бидат вклучени политички партии, невладини организации и граѓански здруженија. Министерот за правда Никола Тупанческипосочи дека е неопходно однапред да бидат познати изборните правила, а не да се носат инстантно пред избори.

Само на тој начин може да се создаде одлична основа за фер и демократски избори. Нов Изборен законик може да се донесе само низ дијалог со сите засегнати страни  и постигнат консензус. Министерот Тупанчески порача дека очекува соработката со мисијата на ОБСЕ во Скопје да продолжи и во наредниот период.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....